Физичко-Хемиска Лабораторија
Посебни соби со соодветни функции се наменети за процедури и инструменти, за вагање, припрема на примероци за анализа, соба за течна хроматографија со масен детектор, гасно масен хроматограф, соба за инструмент со индуктивно сперегната плазма и оптички емисионен спектрометар, високо-перформансна течна хроматографија, каде се тестираат различни параметри од спецификациите за квалитет на Канабис цветовите и производите.
Со тестирање на стабилноста на фармацевтските производи и активни компоненти ги откриваме промените кои настануваат во текот на времето и специфичните услови во околината, со што се дефинираат рокот на употреба и условите на чување.
Посебна соба во лабораторијата е опремена со климатски комори за тестирање стабилност во нормални услови на чување, интермедиерни и забрзани услови, како и комора за тестирање фотостабилност.
Во лабораторијата се имплементирани официјални фармакопејски методи, соодветно верифицирани, а се развиени и сопствени аналитички постапки, кои се валидирани во согласност со водичите на ICH.
Безбедноста во лабораторијата е од исклучителна важност, како за примероците, така и за вработените, па затоа се користат дигестори, безбедносни комори и се имплементирани други заштитни мерки.
НЈСК ХОЛДИНГ работи согласно ISO стандардите и ги има имплементирано ISO 9001, ISO 14001 и ISO 17025 (Добра лабораториска пракса). Исто така, НЈСК ХОЛДИНГ има добиено и Интегрирана еколошка дозвола – А категорија.