Тим за контрола на квалитетот

Тимот во Контрола на квалитет се состои од искусни професионалци, кои континуирано ги подобруваат нивните знаења и вештини, користејќи високо софистицирани инструменти и модерни аналитички техники.

Tatjana-Rusevska

Татјана Русевска

Директор на Контрола на Квалитет

Диплома од Фармацевстски факултет во Скопје, Специјалист по испитување и контрола на лекови. Повеќе од 20 години искуство во фармацевтска индустрија, во полето на контрола на квалитет. 

Одговорна е производите да ги исполнат пропишаните стандарди за квалитет, ефикасност и сигурност, Нејзината улога вклучува преглед на производните постапки за да се задоволи политиката за квалитет на компанијата, да се развијата спецификации и процедури, соработувајќи со останатите членови на тимот за квалитет во подобрување на системите, постапките и стандардните операции.  

Ги евалуира барањата на клиентите, за да осигура дека нивните потреби се исполнети со  пропишаните стандарди и услуги. 

Mirela-Ristovska

Мирела Ристовска-Младеновска

Координатор на аналитички развој, истражување и програма за стабилност

Дипломирала на Фармацевтски факултет во Скопје, со повеќе од 5 години искуство во областа на контрола на квалитетот на лековите. Таа има две специјалистички студии во тек за Фармацевтска регулатива и законодавство и Контрола на квалитет на лекови.

Одговорна е за развој и валидации на нови методи, оценување на нови технологии и методи и дава препораки во врска со нивната употреба. Подготвува и разгледува потребна документација за трансфер на метод, вклучувајќи технички протоколи за трансфер и извештаи. 

Ја координира програмата за тестирање стабилност, според ICH препораките.

Aleksandar-Mircev

Александар Мицев

Кооринатор на одделот за суровини

Завршил фармацевтски факултет во Скопје. Магистрирал на полето на хортикултурна биотехнологија и генетика на Крит. 

Го координира протокот на работа во одделот за суровини, оддел за меѓупроизводи и готови производи, спроведува рутински и нерутински анализи на  процесните материјали,  суровини, готови производи.. Тој ги следи процедурите за тестирање за да осигури дека сите тестови се извршени според утврдените спецификации, стандардни методи за тестирање или протоколи и дава препораки за соодветноста на податоците.. Тој ја комплетира документацијата потребна за поддршка на процедурите за тестирање, вклучувајќи формулари за внесување податоци, дневници за опремата и апаратурата, а исто така подготвува сертификати за анализа за квалитет на производите.