Стратегија

Нашата стратегија се базира врз долгорочна анализа на пазарот во Европа, но и текот на развојот на индустријата во нашата земја. Имајќи ги во предвид потребите на пазарот од почетокот на нашата инвестиција, ги имплементиравме највисоките стандарди на одгледување, екстракција, производство на дестилат (API) и на финални фармацевтски форми. Пазарот во Европа од 2016 година до денес се движи во континуирана нагорна линија во однос на побарувачка на дестилат и финални фармацевтски форми. Нашиот Медицински советодавен одбор во своите анализи предложи да се насочиме кон сопствено производство на почетна фармацевтска суровина (биомаса) и производство на дозирани финални форми заради можноста за прецизно дозирање при препишувањето на лековите.

Од друга страна, додека останатиот дел на индустријата се фокусираше на се поголемо призводство, нашата компанија се фокусираше на достигнување на највисоките стандарди, поквалитетно know-how, човечки ресурси (HR), истражување и развој (R&D) и воспоставување на сигурна линија на производство, чии производи ќе бидат достапни на европските и светските пазари. Исто така, стратешки се насочивме и кон екстракцијата спрема трети лица и нова најсовремена лабораторија за испитување на квалитет на производите, која ќе обезбедува услуги и на трети лица во регионот на Југоисточна Европа.