Производство на Клон

Поради фактот што НЈСК Холдинг инвестира во нов производствен погон во индустриската зона Петровец, просторот во постојниот погон наменет за одгледување на растенија ќе се пренамени во простор за производство на генетика со клонирање т.е ќе се произведуваат расади на растенија кои ќе можат да се продаваат на лиценцирани одгледувачи на медицински канабис во земјата. Во моментов најголем дел од лиценцираните производители увезуваат растителни садници од странство или користат семиња.

Предностите на прозведената генетика се многубројни, а тоа ќе претставува и дополнителна можност за заработка за друштвото.

Во досегашниот процес на одгледување, во фазата на истражување и развој (R&D) имаме развиено генетики кои наскоро ќе ги пласираме на пазарот. Нашето know-how ни создава можност да се поставиме на пазарот и во оваа гранка на индустријата.