Производи на Екстракција

Поради можноста за производство на активна фармацевтска состојка, како и поради фактот дека во нашето друштво се ангажирани експерти од областа на фармацијата, а земајќи го во предвид познавањето на индустријата на нашите странски партнери, НЈСК Холдинг произведува финални фармацевтски производи кои ќе бидат достапни на европскиот пазар.

Во процесот се користи високо софистицирана опрема за производство, полнење и пакување на финалните производи. Нашите производи го имаат највисокиот стандард од областа на фармацијата, стандардот на Добра производствена пракса на ЕУ (EU GMP).

Производството се одвива во различни формулации на производи на база на канабиноиди, ЦБД (CBD) и ТХЦ (THC) и нивни комбинации.