Микробиолошка Лабораторија
Просторот во лабораторијата за тестирање на микробиолошкиот квалитет е Класа Д, што овозможува квалитативно и квантитативно определување на бактерии и габи во примероците, преку процеси како стерилизација, инокулација, инкубација и деконтаминација.
Мониторирање на микробиолошкиот квалитет на воздухот и површините во чистите соби и микробиолошкиот квалитет на водата, која се користи во различни процеси, е исто така дел од секојдневните активности на оваа лабораторија.
Супериорниот систем Biolumix, за брза детекција и енумерација на микроорганизмите во фармацевтските производи, нуди едноставна единечна платформа за тестирање за 48 часа, со отстранување на било какви интерференции.
НЈСК ХОЛДИНГ работи согласно ISO стандардите и ги има имплементирано ISO 9001, ISO 14001 и ISO 17025 (Добра лабораториска пракса). Исто така, НЈСК ХОЛДИНГ има добиено и Интегрирана еколошка дозвола – А категорија.