За Контрола на квалитет
Контролата на квалитет е есенцијален дел од компанијата, одвоен од единиците за култивација и производство.
Како дел од системот за квалитет во НЈСК таа се грижи производите на пазарот да бидат со конзистентен квалитет и перформанси, безбедни за употреба и ефикасни.
Се состои од два дела:
- Лабораторија за физички и хемиски анализи
- Лабораторија за микробиолошко тестирање
Лабораториите опфаќаат површина од 480 m2, простор, кој е специјално дизајниран за да ги исполни барањата за изведба на различни физички, хемиски и микробиолошки тестови на прецизни и високо софистицирани инструменти и опрема, следејќи ги строгите регулаторни прописи на GMP и ISO 17025 стандардот за квалитет.
НЈСК ХОЛДИНГ работи согласно ISO стандардите и ги има имплементирано ISO 9001, ISO 14001 и ISO 17025 (Добра лабораториска пракса). Исто така, НЈСК ХОЛДИНГ има добиено и Интегрирана еколошка дозвола – А категорија.