Екстракција

Во технолошкиот процес НЈСК Холдинг користи најсовремени методи на екстракција на канабиноиди базирани на ладна етанолна екстракција. Технолошкиот процес вклучува софистицирана опрема и средства кои овозможуваат производство на екстракти.

Процесот на екстракција е комплексен процес и зависи од видот на опрема и средства, како и од специфичното знаење на нашите вработени. Спроведуваме технолошки процес на ладно етанолна екстракција од причина што тоа е уредено во Европската фармакопеја.

Во процесот на екстракција се добиваат екстракти на база на канабис. Потоа е потребно да се изведат дополнителни технолошки чекори за да се добие активно масло од канабис, потребно за производство на активна фармацевтска состојка (API), од која може да се произведат финални фармацевтски производи.

НЈСК Холдинг има склучено договори за обезбедување услуги за екстракција што значи дека вршиме екстракција и за други производители на медицински канабис.