Генерални Информации

НЈСК ХОЛДИНГ е основана во август 2016 година. Ние сме дел од групацијата PHCANN INTERNATIONAL од Амстердам, Холандија, со седиште во Варшава, Полска.
Групацијата PHCANN INTERNATIONAL е една од најголемите европски компании во канабис индустријата со свои претставништва во Полска, Германија, Македонија и Хрватска.

НЈСК ХОЛДИНГ е првата македонска компанија со добиена лиценца за одгледување на канабис за медицински цели во февруари 2017 година. За време на нашиот развој во изминатите 4 години ги остваривме сите поставени цели во нашата апликација за добивање лиценца за одгледување на канабис за медицински цели.

Од нашите партнери во САД, Канада и Израел, добивме специфичен know-how кој е имплементиран во нашиот систем на одгледување. Инвестиравме во унапредување на процесот на обработка на суровината која ја произведувавме. Во оваа смисла, го добивме и првото одобрение за екстракција и обработка на сув цвет од канабис во јуни 2017 година. За истото бевме обучени од нашите партнери во Колорадо, САД, кои се едни од водечките компании на глобално ниво во областа на екстракција на цвет од канабис со највисоко ниво на потенција.

Согледувајќи ги тековите и потребите за квалитетен производ, уште во 2017 година вложивме во сопствена физичко-хемиска лабораторија за испитување на присуство на канабиноиди во нашите производи. Нашата инвестиција во развојот не застана тука, па така продолживме со инвестиција и во комори за стабилност, кои ни овозможија да гарантираме за квалитетот и рокот на траење на нашите производи.

Во ноември 2018 година го добивме сертификатот за Добра производна пракса (GMP).

Нашите амбиции не запреа овде, знаејќи дека пазарите ќе се отворат единствено доколку се стекнеме со лиценца на европско ниво
Ние Сме единственато македонска и европска компанија која произведува активна фармацевтска состојка (API) и финални фармацевтски форми на база на канабиноиди, која се стекна со сертификат на Добра производствена пракса на ЕУ (EU GMP) од Генералниот фармацевтски инспекторат на Полска /GIF.

НЈСК ХОЛДИНГ работи согласно ISO стандардите и ги има имплементирано ISO 9001, ISO 14001 и ISO 17025 (Добра лабораториска пракса). Исто така, НЈСК ХОЛДИНГ има добиено и Интегрирана еколошка дозвола – А категорија.